Претседателката на Антикорупциска прашува – Како пратениците се истовремено и министри?!

На денешната прес конференција, првиот човек на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска смета дека пратениците не можат да бидат носители на уште една функција во Собранието, пренесува Фокус.

„Како е можно пратениците истовремено да се и министри. Ако е така, тогаш тие не треба да бидат дел од листите за пратеници. Ако може да бидат дел од пратеничката листа, тогаш треба да се изрегулира кога ќе престане министерскиот мандат. И не треба да примаат две плати“, вели Ивановска.