Научниците откриле зошто заразените со коронавирусот го губат сетилото за мирис

Температура, болки во грлото, кашлање, болки во градите, омалаксаност, тоа се најчестите симптоми на заболените од коронавирусот. Многу заразени го губат и осетот за мирис и вкус.

За тоа би можело да биде одговорен еден ензим. На научниците од Џон Хопкинс универзитетот во Балтимор им пошло од рака во пробите на екстремно високи дози на ензимот ACE-2 (Agniotensin Converting Enzyme 2) да докажат, и тоа точно во пределот на носот, дека овој ензим е одговрен за губењето на сетилото за мирис, јавува Дојче веле.

Овој ензим наводно би требало да има улога на влезот низ кој коронавирусот влегува во клетките на организмот. На тоа упатуваат и други студии. Научниците за својата студија испитувале ткива на 23 пациенти, кои им се отстранети по оперативен пат. Пациентите кои не биле заразени со коронавирусот биле оперирани поради тумор или воспаление на синусите.

Резултатите од истражувањето би можеле да послужат за нов пристап во лечењето на заразените, напишале научниците во списанието „European Respirattory Journal“.

Резултатите прво треба да бидат потврдени со сополнителни истражувања, вели Ендрју Лејн од Џон Хопкинс универзитетот.

– Ако тоа се покаже точно, тогаш би можеле да ја победиме заразата со антивирусна терапија, која би се давала директно во носот.