Sunday, January 29, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИОд специјалното обвинителство за воени злосторства извршени на Косово не откриваат во...

Од специјалното обвинителство за воени злосторства извршени на Косово не откриваат во која улога Ахмети оди во Приштина да даде исказ

Без разлика дали ќе биде избрана нова влада или не, лидерот на ДУИ за десет дена односно на -ри и на 3-ти септември нема да биде во пратеничкото столче под куполата на Собранието.

За тие два дена, агендата на Али Ахмети е средба и распит со припадниците на специјалното косовско обвинителство во рамки на истрагата за воени злосторства и злосторства против човештвото по обвинителен акт поднесен против актуелниот косовски претседател Хашим Тачи. Од кабинетот на Ахмети потврдија дека овие два датуми се потврдени како термин за давање на исказ и тврдат дека Ахмети е повикан како сведок и ќе одговара во Приштина, јавува Телма.ком.мк

Од специјалното обвинителство за Телма не коментираа, но знаеја дека Ахмети веќе објавил за поканата. Оттаму велат дека специјалното косовско обвинителство и судот до конечното одобрување на обвинителниот акт во јавноста не споделуваат детали ниту пак се знае кој е обвинет, а кој сведок. Тоа правило важи и за Ахмети.

-Ние не кажуваме детали за било што во врска со нашата истрага. Информацијата која вие ја кажувате, мислам дека доаѓа од самиот г-дин Ахмети. Ние немаме споделено никаква информација за секој што се појавил, во која било фаза или со кого било разговарано. Едноставно, ние не споделуваме информации за истрагата. Кога настаните и постапките ќе бидат јавни, тогаш ќе објавиме информации и за тоа. Но, ништо претходно не е за јавност, изјави за Телма во телефонски разговор Кристофер Бенет, портпарол на косовското специјално обвинителство.

Портпаролот Бенет вели во Косово немаме седиште ниту претставништво, судот и обвинителството се наоѓаат во Хаг. Европски град во случајот Хаг е избран за седиште на специјалниот косовски суд за да се избегне притисок од јавноста, но и да се заштитат сведоците во случаите во кои како обвинети се појавуваат и високи политички претставници на Косово.

Сепак обвинителството може да земе секаде исказ, а во Косово по потреба користат определени објекти.

-Ние немаме никакви канцеларии или објекти во Приштина или во Косово. Се е стационирано во Хаг во Холандија. Нашата истрага ќе се одвива на многу, различни места и тоа (исказ на Ахмети во Приштина) исто така е можно, ни појасни Бенет.

Ахмети пред изборите објави дека е поканет да сведочи затоа што бил дел од раководството на ОВК за време на војната со српските сили. Тој додаде дека ќе ги брани светлите цели на албанската ослободителна борба.

Потоа заедно со ДУИ освои 15 пратеници и склучи договор партијата и тој да останат во власта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани