Tuesday, February 7, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИВо Албанија и понатаму високи бројки на новозаболени со Ковид-19

Во Албанија и понатаму високи бројки на новозаболени со Ковид-19

Продолжува високата бројка на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, што во континуитет е присутна во овој месец, во кој во просек дневно се регистрираат по најмалку 150 случаи.

Во изминатите 24 часа позитивни на Ковид-19 се 152 лица од 785 тестирани случаи. Најголемиот број и понатаму се од Тирана – 74 и Драч 21. Вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата се зголеми на 8.427 лица од вкупно тестираните 56.057. За жал, речиси константен број имаме и на починати лица. Битката со опасниот вирус ја изгубија пет пациенти кои беа болнички третирани или вкупно 250 до сега, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Според Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие оздравеле 148 лица или вкупно 4.332,додека активни на болеста се 3.845.

– Во двете ковид болници се забалежува зголемен број хоспитализирани лица. Во моментот болнички се третираат 148 или седум повеќе од вчера, односно триесеттина повеќе споредено со бројот од пред три дена. Од хоспитализираните 26 се во тешка здравствена состојба, наведува Министертвото. (МИА)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани