Monday, January 30, 2023
рекламно место 1spot_img
домаЖИВОТВкусовиВКУСЕТЕ ГО ЛЕДЕНОТО КАФЕ СО ЦИМЕТ ИДЕАЛНО ЗА ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

ВКУСЕТЕ ГО ЛЕДЕНОТО КАФЕ СО ЦИМЕТ ИДЕАЛНО ЗА ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Потребни состојки за сирупот од кафе:

– 100 грама светол кафен шеќер

– 80 милилитри јаворов сируп

– 120 милилитри вода

– 1 стапче цимет

За леденото кафе:

– Ледени коцки од кафе

– 230 милилитри свежо подготвено кафе

– 2 лажици сируп од цимет

– Пола-пола (микс од хопла и млеко)

За циметовиот сируп, ставете ги сите состојки во мало тенџере и варете на среден оган. Мешајте повремено, сè додека не се загрее добро и шеќерот не се растопи. Ќе ви требаат околу 5 минути.

Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се олади 15-тина минути. Отстранете го стапчето цимет. За леденото кафе, наполнете висока чаша со ледени коцки кафе.

Додајте го свежо подготвеното кафе, циметовиот сируп и миксот од хопла и млеко, за да добиете кремава содржина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани