Предлогот за новиот состав на Владата, најверојатно во понеделник ќе биде доставен до Собранието

Предлогот за новиот состав на Владата, најверојатно во понеделник ќе биде доставен до Собранието, дознава Алсат.

По поднесениот предлог, почнува да тече законскиот рок од 15 дена за гласање за нејзин избор. Но, очекувањата се дека изборот ќе „падне“ многу побрзо и нема да се чека до крајот на предвидениот рок. Собранието вчера на продолението на конститутивна седница со 62 гласа „за“ го реизбра Талат Џафери за претседател на Собранието, а пратеникот Костадин Костадинов е назначен за претседател на Комисијата за прашања за избори и именувања.

Во однос на другите работни собраниски тела, од законодавниот дом велат дека нема временски рок до кога треба да се формираат, бидејќи тоа е предмет на договор помеѓу пратеничките групи. На Комисијата за избори и именувања треба да поминат предлозите на партиите за претседатели, заменици, членови и нивни заменици на комисиите во Собранието.