Алсат М – Османи извиси од министерска функција?

Неофицијално, Бујар Османи извиси од владина функција, објави Алсат М.

Според телевизијата, Османи повеќе не е кандидат за министер за надворешни работи, а таа позиција ја презема Артан Груби.

Сепак, од таму не добиле официјална потврда од ДУИ дали ќе биде изменета листата на кандидати за Владата што ја објави лидерот на партијата Али Ахмети.

Проблемот настана откако пратениците од Скопје, Изет Меџити и Арбен Зибери, се спротивставија на изборот на Ахмети на владини кадри без консултација, особено на изборот на Османи.