Мисајловски – Лажевте во кампања за да крадете сега

Прво сакам да констатирам дека ова е денот кога мафијата си добива нова влада и мафијата да добива нова држава, вака го започна својот говор пратеникот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Сакам да прашам дали дали оваа влада ја предлага Заев или Али Ахмети, дали Заев кој вели дека ДУИ со популистичка кампања ќе оди во опозиција? Дали оној Заев кој вели дека ДУИ пет пари не вредат? Дали оној Заев кој вели дека ДУИ ќе оди во опозиција нема иднина национализмот во Македонија? Дали Мухамед Зекири ќе ве гласа? Кој велеше дека вие сте канцер, вие сте рак на општеството, криминалци, багабонти… Дали нешто друго ве спојува сите вас? Праша Мисајловски.

Тој истакна дека она кое што ги спојува СДСМ и ДУИ се парите, моќта, тендерите…

Мисајловски рече дека се што било ветено во предизборната кампања од страна на СДСМ и ДУИ денес не важи.