Monday, January 30, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИЈанушев - Предлогот за претседавачот Џафери е уште еден обид за манипулација...

Јанушев – Предлогот за претседавачот Џафери е уште еден обид за манипулација и лажење на сопствениот народ

Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница зборуваше за коалицијата СДСМ-ДУИ каде посочи дека ова е коалиција на лагата односно непренципиелна коалиција. Тој во своето обраќање рече дека ова коалиција e впрочем континуитет на неправо, на недемократија односно и пред неколку години така дојдоа и на власт со лаги, манипулации и продолжија со криминал и корупција за на крај во изборната кампања сето тоа го зачинат со огромен поткуп.

-Да излезевте сега и да кажевте дека предлогот за претседавачот Талат Џафери е само за пусти пари и власт како што впрочем и вашиот претседател Заев го именуваше ДУИ ќе разберевме. Но, да излеземе и да кажуваме дека во минатите три години Собранието било водена на таков професионален, демократски, перфектен начин е само уште еден груб обид за манипулација и лажење на сопствениот народ, впрочем нешто и во што сте најдобри и најдобро го правите. Свесни сме сите и народот за сите пазарења, за сите прекршувања кои што ги правевте и на процедурите и на законите, начинот на кој што се доби мандатот, сите деловнички прекршувања во однос на закажувањето и на оваа седница, истакна Јанушев.

Тој порача дека сите се свесни што се случуваше изминатите три години од страна на владата на СДСМ како фрлањето на амандмани затоа што биле многу.
-Да пак ќе имате многу и нема да ги фрлате, ќе се постапува онака како што треба да се постапува, како што е согласно законот и никако поинаку. Имавме скратени постапки и речиси да немаше закон на кој што не му лепевте европско знаменце, за да побрзо цветаа бизнисите со марихуана, за полесно да се добиваат тендерите и да се крадат пари и за да може сите пари да ги искористите за поткуп за изборите, додаде Јанушев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани