Чив глас вреди повеќе во ДУИ: Гласот на Меџити и Зибери или гласот на Груби и Османи

Раскол или партиска фингерајка во ДУИ по вчерашните драми на двајца нивни пратеници во законодавниот дом?

Изет Меџити и Арбен Зибери се двајцата пратеници од редовите на ДУИ кои вчера остро се спротиставија на поделбата на министерските места во партијата. Имено Меџити и Зибери беа против назначувањето на Бујар Османи како министер за надрворешни работи и Артан Груби како вицепремиер во новата влада помеѓу СДСМ и ДУИ.

Во јавноста се шпекулираше дека екс градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, бил дециден и од неговиот лидер Ахмети побарал смена на Артан Груби од вицепремиерската функција и побарал тој да биде на негово место.

Се поставува прашањето, што се случува во ДУИ? Чив глас вреди повеќе, оној на Груби и Османи или оној на Меџити и Зибери?