Вељаноски: Талат Џафери денеска постапува исто како јас во 2016 година

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска пред судот изведуваше докази што им претходеа на настаните од „27 април“.

Тој објасни дека работел согласно Деловникот и оти еден на 29.12.2016 година, еден ден пред конститутивната седница ги свикал претставниците на партиите да го договорат дневниот ред. На него биле присутни Илија Димовски, Талат Џафери, Оливер Спасовски, Африм Гаши и Весел Мемеди.

Вељаноски истакна дека Спасовски барал конститутивната седница да ја води најстариот пратеник наместо актуелниот претседавач иако му било укажано дека тоа е можно само ако седницата се одржува на 21-от ден од изборите.

На него било договорено најнапред да се избере верификациона комисија, потоа верификациона комисија и избор на комисија за избор на комисија за избори и именувања доколку има предлог.

-Но, таков предлог немаше и јас ја прекинав седницата сè додека не се создадат услови за продолжување, рече денеска Вељаноски.

Тој нагласи дека Талат Џафери во 2020 година постапува исто како тој што постапувал во 2016 година и оти на тоа сите се сведоци.