Попова: Шилегов да си поднесе оставка, недозволиво е што со претпријатие управувало лице фатено со кокаин

Шилегов трет ден молчи во врска со скандалот во кој лице кое тој го именувал за директор на ЈП е фатен со две кесички кокаин. Шилегов не излезе ниту да се извини на скопјани затоа што на една од најклучните позиции во градот поставил лице кое е фатено со кокаин, рече на денешната прес-конференција Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов не собра храброст ниту за тоа, а не успеа да смогне сили и да си поднесе оставка. Шилегов мора да сноси одговорност затоа што од него именувани лица се во средиште на скандал со наркотици. Недозволиво е луѓе кои што се под сомнение дека се конзументи на дрога да вршат јавни функции. Шилегов треба да сноси одговорност затоа што тој ги поставил. Скопјани имаат право да се сомневаат дека во изминативе три години со градот управуваат лица корисници на кокаин, и дека заради тоа градот е таков каков што е. Полн со ѓубре, дупки по булеварите, диви депонии насекаде. Очигледно е дека Шилегов и неговите директори во изминативе три години биле посветени на се, само на Скопје не. Скопје не смее да биде заложник на Шилегов и од него поставените директори корисници на кокаин, истакна Попова.

Скопје заслужува подобро. Господине Шилегов смогнете сила и направете го најдобриот чекор во вашата кариера – поднесете си оставка, Скопје го заслужува тоа! Додаде таа.