Приказна која ќе ве расплаче: Љубовта на ќерката кон таткото се мери со кутија бакнежи

Љубовта меѓу ќерката и таткото е една од поголемите. Најчесто ќерките се татини принцези, а татковците нивните идоли. Оваа врска е толку силна што е речиси невозможно да се раскине.

Кусата приказна која ќе ја прочитате во продолжие ќе ве расплаче и уште еднаш ќе ви потврди дека како што ќерка знае да го омекне срцето на таткото, не умее никој.

-Приказната се случува во минатото кога некој татко ја казнил својата петгодишна ќерка, бидејќи изгубила некоја драгоцена работа, а парите во тоа време биле многу малку.

Било време за Нова Година па следното утро девојчето му донело на таткото мал подарок и рекло: „Тато, ова е за тебе“.

На таткото му станало непријатно, па кога ја отворил кутијата, видел дека внатре нема ништо.

Многу се налутил и ја искарал ќеркичката: „Зар не знаеш дека ако нешто подаруваш, треба да има нешто во кутијата?“

Девојчето тажно го подледнало со солзи во очите и рекло: „Но, тато кутијата не е празна. До врвот ја наполнив со бакнежи само за тебе.“

Таткото бил трогнат. Клекнал пред ќерката, нежно ја гушнал и ја замолил да му прости!

До крајот на животот ја чувал таа кутија покрај креветот и секогаш кога ќе се почувствувал изгубено и очајно, ќе ја отворел, ќе земел некој невидлив бакнеж и ќе се сетел на љубовта која ќерката му ја спакувала внатре.

Запомнете: Не постојат поважни работи кои може да ги добиеме од љубовта и бакнежите од најблиските.