Избувна пожар во цистерна за бетон во Скопје

МВР информира дека вчера во 13:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Никола Карев“ настанал пожар во товарно возило – цистерна за бетон, со косовски регистарски ознаки, која во моментот била празна.

Пожарот бил изгаснат од возачот Б.А.(40) од Косово. Се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата.