Thursday, September 28, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИУтре напладне Собранието ќе го избира Талат Џафери за претседател на Парламентот

Утре напладне Собранието ќе го избира Талат Џафери за претседател на Парламентот

Утре точно напладне ќе продолжи конститутивната седница на Собранието на која треба Талат Џафери да биде избран за старо-нов претседател на Парламентот.

По седницата, мандатарот Зоран Заев на Џафери ќе му ја достави програмата за работата на владата за идниот четиригодишен мандат како и кадровските решенија за првиот владин ешалон, велат за Плусинфо учесници од состанокот на СДСМ со партнерите од коалицијата „Можеме“.

На продолжението на конститутивната седница треба да се избере и комисијата за избори и именувања.

Ова Заев им го соопштил на партнерите на кој им го презнтирал договорот за влада со ДУИ.

Според учесниците на средбата, договорот поминал кај коалициските партнери, кои пак, на нови одделни средби ќе договараат делот од владиниот колач, односно заменик-министерските места, како и директори на агенции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани