ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА РОМАНТИЧНИТЕ ДРАМИ , ОВАА СЕРИЈА ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВИ

ТВ серијата, Ти (You) со сигурност ќе биде нај исполнетиот дел од вашето слободно време.

Се работи за љубовта на менаџер на една книжарница кој со сите сили и принципиелност ќе се обиде да ја натера жената во која е вљубен, да му ја возврати љубовта и да се заљуби во него.

Главни улоги: Пен Беџли, Елизабет Лејл, Шеј Мичел

Жанр: драма, криминал, романса

Креатори: Грег Берланти, Сера Гембл

Премиера: 9 септември 2018

Број на сезони: 2

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Се работи за едно сосема навидум обично момче што работи во книжарница, кое има посебна љубов кон книгите. Тој верува во вистинска љубов и љубов на прв поглед, па токму затоа кога ќе ја запознае Гвеневир Бек (Елизабет Лејл), тој веднаш ќе почуствува дека таа е вистинската девојка за него. Но, Џо не е од модерните фраери кои лесно флертуваат со девојките, и многу добро го знае тоа за себеси. Па затоа тој бара начин со кој ќе стигне до неговата девојка од соништата и почнува да истражува работи поврзани за нејзиниот живот.

Џо ја дознава нејзината дневна рутина, како и сите оние нешта во коишто таа ужива, што таа сака, а што мрази. Но никогаш не е толку едноставно во љубовта, така и за неговиот случај. Најголемата препрека ќе е Бенџи (Лу Тејлор Пучи), момчето со кое Бек е во еден вид „комплицирана“ врска. Тој знае дека ќе мора да го тргне Бенџи од нејзиниот живот доколку сака да има шанса кај неа, бидејќи се работи за неговата вистинска љубов.

Како што времето ќе поминува, така тој сè повеќе ќе се зближува со Бек, па така ќе ја запознае и Пич (Шеј Мичел), најдобрата пријателка на Бек која е вистински психопат што целосно го контролира животот на Бек.
Тој би направил сè, буквално сè, за љубовта на својот живот! Но, дали таа е навистина вредна за него? И дали она скромно момче кое е вљубено во книгите ќе остане скромно и во оваа приказна од неговиот живот?

Со сигурност ќе уживате гледајќи ја оваа серија за една љубов , борба и секојдневните препреки кои ни ги дава животот и во реалноста.