Thursday, June 1, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИБелоруската опозиција повикува на општ штрајк во земјата

Белоруската опозиција повикува на општ штрајк во земјата

Канцеларијата на поранешната кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановска објави соопштение во кое се повикува на генерален штрајк, како начин да се издејствува оставката на претседателот Лукашенко.

„Ги повикуваме сите работнички колективи да се приклучат на временски неопределен штрајк со барање за оставка на Александар Лукашенко. Исто така, бараме тие да делегираат претставници на штрајкувачките комитети во Координативниот совет“, се вели во соопштението, кое беше објавено на социјалните мрежи.

Шефицата на кабинетот на Тихановска, Марија Морозова изјави дека белорускиот режим „го разбира единствено јазикот на силата и конкретна економска штета“.
– Затоа мора да покажеме дека сме подготвени да предизвикаме таква штета, вели Морозова.

Во меѓувреме, продолжуваат протестите во земјата со барање за оставка на Лукашенко.

Белорускиот министер за здравство Владимир Караник рече дека во денешните протести повредени се 158 демонстранти и полицајци и сите се хоспотализирани. Тој прецизираше дека три лица се со тешки повреди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани