Дунавка Трифуновска ќе се мажи, Ване Цветанов ја побарал за жена во авион

Манекенката Дунавка Трифуновска ќе се мажи! Екс директорот на Агенцијата за спречување перење пари Ване Цветанов ја побарал раката во авион, на враќање од одморот од Турција, објави „ммс.мк“.

„Јас проценив дека си жената на мојот живот, дали сакаш да го поминеш животот со мене“ и рекол Ване кога ја запросил.

Јас реков да и додадов: Овој прстен да ти биде последен, вели Дунавка.

Таа не сакаше да открие колку чини дијамантскиот прстен, а најави дека по ова следуваат плановите за свадба, која нема да биде вообичаена, туку во фази, открива манекенката.

Нејзиниот свршеник вели дека најсилна врска меѓу нив е зрелоста, благодарение на искуството што го имаат во животот и во љубовта.

Зрелоста, тоа што и двајцата знаеме што сакаме. И искреноста. Досега сме искрени сосема и функционираме. Тоа се оние темели кои направија таа почетна хемија, која беше видлива, да прерасне во голема љубов. Бидејки едно е страст и хемија, друго е љубов и длабочина. Премногу бргу ги раздвиживме нештата за да ги најдеме фрекфенциите помеѓу нас. Многу важен беше нашиот поглед на светот и вредносниот систем кој ни е многу сличен, бидејки и двајцата , секој во својата област важиме за контравезни. Но, она кое што го перцепира јавноста за нас е многу различно од она што сме. Тоа не врза силно и овозможи една искрена и длабока љубов, откри Ване.