Партизан продаде нов бисер во Јунајтед за 12 милиони евра!

Партизан успеа да му го продаде младиот талентиран напаѓач Филип Стевановиќ на Манчестер јунајтед за неверојатни 12 милиони евра.

Тимот од „Олд Трафорд“ повторно реши да купува од Белград, откако пред 11 години од Партизан го купија и Зоран Тошиќ, кој не се прослави во Англија.

Талентираниот 17-годишен фудбалер нема веднаш да го облече дресот на Јунајтед, туку ќе остане во Партизан на позајмица уште една година.

Ова е уште еден голем трансфер за српската екипа која неодамна го продаде Страхиња Павловиќ во Монако за 10 милиони евра.