Заев оди на Водно кај Пендаровски без обезбедено мнозинство

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска од шефот на државата ќе го добие мандатот за формирање на Владата. Тоа би било нормална процедура доколку Заев покажеше дека го има неопходното мнозинство од 61 пратеник.Но, Заев тоа го нема и затоа проценките на експертите се дека Пендаровски постапува спротивно од Уставот и од членот 90.

Дека Заев го нема неопходното мнозинство покажува и денешната седница на Собранието која претседавачот Џафери ја откажа во последен момент.