Мицкоски и Силјановска Давкова на средба со Пендаровски, бараат одговор за неуставното доделување на мандат

Во името на повеќе од 315.000 граѓани кои го дадоа гласот за ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За обнова на Македонија“, како и во името на другите кои не се согласуваат со ваквото кршење на Уставот во 15:30 часот со пратениците дел од пратеничката група ќе дојдеме пред канцеларијата на претседателот на Водно при што бараме итна и неодложна средба на која што ќе објасни врз основа на кој доказ го убедил пратеникот Зоран Заев дека поседува мнозинство и му го доделува мандатот. Ова го истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тие отидоа до претседателската вила Водно, а веќе се и на средба внатре.

-Очекувам средба на која ќе се разговара конкретно и без одлагања, не смееме да премолчуваме на кршењето на правото и подривање на правната држава, рече Мицкоски.

Мицкоски заедно со професорката Гордана Силјановска Давкова е на средба со претседателот Стево Пендаровски.

Детали од средбата очекуваме наскоро…