Важна информација за клиентите на Еуростандард банка

Граѓаните кои имаат трансакциски сметки на кои им стигнува платата или пензијата во Еуростандард банка, под итно да отворат сметка во друга банка, за да може да ги користат парите.

Останатите, кои имаат станбен кредит, како и правните лица, ќе треба да чекаат да се отвори стечајната постапка, која во најоптимистичко сценарио би започнала за 30 дена, вели економскиот аналитичар Рафајловски.

Ова доаѓа откако вчера Народната банка и ја одзема дозволата за работа на Еуростандард, со што практично престанува со работа самата банка.