Ако те сака, нема да се обидува да те промени…

Ако тој навистина те сака, нема да забележува некои ситници кај тебе, кое не се како неговите. Нема да ги истакнува додека го пиете утринското кафе, додека водите љубов, додека правите вечера. Ако навистина те сака, нема да ја спомнува поранешната девојка секојпат кога некој твој потег ќе му заличи на неа. Ако навистина те сака, нема да се обидува да те увери дека нешто е „добро“ за тебе, само затоа што тој тоа го мисли. Нема да се обидува со сила да те тера да го смениш мислењето. .

Ако навистина те сака, сѐ она што е поинакво на тебе, ќе му создава топлина на душата. Затоа што заљубувањето не значи да ги промениш сите делови од себе за да одговараат на нечија слика затоа како треба да изгледа совршенството. Многу често се заљуваме во луѓе кои се различни од нас. Онаа изреката дека „спротивностите се привлекуваат“ во суштина е вистинита. Несвесно сме привлечени од она што не го разбираме, од различни животни стилови, од карактеристики кои ние самите ги немаме. И така паѓаме на луѓе кои се различни од нас, но некако сепак целосно си одговараме. Тие се грубост за нашата мекост, тие се мирно море за нашиот див и нескротлив темперамент. И иако не секогаш се поклопуваме, учиме да правиме компромис: А зарем тоа не е поентата на љубовта? Малку да се даде и малку да се земе?

Затоа што вистинската љубов не се труди очајнички некого да промени. Да им ги одземе сите делови кои ги прават единствени и да ги пикне во мало шише за да седат таму додека нѐ исчезнат. Во љубовта не се наметнуваат со сила нечии желби и ставови. Никој не треба да присилува никого да биде нешто што не е и да чувствува нешто што всушност не го чувствува. Љубовта значи да се пронајде средина. Љубовта е учење. Љубовта е рамнотежа и создавање спомени. Љубовта е слобода се прави она што личноста сака да го направи, дури и ако понекогаш не се поклопува со она што партнерот го сака. Но, љубовта е и кога ти исто така имаш слобода.

Љубовта е кога тој те слуша, кога разбира, кога силно посакува да види насмевка на твоето лице и да направи сѐ за да најде пат до твојата среќа, како и ти до неговата. Љубов не е кога некој те гледа попреку, кога те осудува, кога се однесува како твоето однесување и љубов да се погрешни. Љубов не е ако те тера да се промениш, да бидеш она што тој го сака.

Затоа те молам немој да се обликуваш за да одговараш на нечија слика. Не се труди да станеш идеална по негова мерка. Немој да ги поминуваш деновите поттиснувајќи ги своите желби, среќа, уникатноста, само за да ги исполниш неговите очекувања. Затоа што оној кој се однесува како да не си доволно добра, не ја заслужува твојата љубов. За себе и за вистинската личност ти си најдобра. За љубовта која еден ден ќе ги помине сите патишта со тебе и ќе ти покаже што сѐ ти недостасува, а тој некој таму го има баш тоа.

Не е љубов ако некој побара од тебе да станеш некоја друга. Поттиснување на сопствените желби заради туѓи желби – не е љубов. Запомни го тоа. И пронајди сила да заминеш од таквите личности.