На Криволак доаѓаат 170 американски војници за воена вежба со АРМ

Припадници на АРМ ќе учествуваат на заеднички воени вежби на Криволак со американски и полски војници од составот на КФОР.

Владата одлучи да дозволи влегување и престој на странски вооружени сили во земјава заради изведување на вежбовна активност.

Со оваа одлуката во Македонија ќе пристигнат 170 припадници на Вооружените сили на САД и 10 припадници на Вооружените сили на Полска од составот на КФОР, со возила, вооружување, материјално-технички средства и опрема. Овие војници, заедно со припадници на АРМ ќе изведуваат вежби за гаѓање и заедничка обука.

Воените вежби ќе се одржат на Армискиот полигон Криволак, во периодот од 19 август до 25 септември 2020 година.