Friday, September 29, 2023
рекламно место 1spot_img
домаСПОРТ„Комити“ не ги оставаат вардарци на цедило (Фото)

„Комити“ не ги оставаат вардарци на цедило (Фото)

Пандемијата со коронавирусот ги поремети сите спортски случувања во нашата земја, па сега после шестмесечна пауза, фудбалот повторно се враќа на сцената и тоа со стартот на Првата македонската фудбалска лига.

За оваа недела е закажанот првото коло во македонската елита, сезона во која Вардар како бранител на титулата ќе се соочи со многу големи предизвици, не само поради силната конкуренција, туку и поради лошата финансиска состојба која носи немир кај играчите.

Сепак, вардаровите играчи сега дознаа дека зад себе и во вакви услови на пандемија ќе ја имаат својата верна сенка зад себе, односно „Комитите“ кои сега најавија дека ќе навиваат пред стадионот на натпреварот од првото коло против Борец.

– По скоро шестмесечна пауза започнува новата фудбалска сезона, која за нас ќе биде една голема борба на два фронта – лошата ситуација во ФК Вардар и играњето на натпреварите без публика.

– Ние не би биле ние ако го оставиме Вардар кога му е најтешко. Нека грми песна комитска пред Градскиот стадион. Пред влезот на западната трибина! Нагласуваме со почитување на мерките за заштита и задолжително носење МАСКИ!, – порачаа „Комитите“.

После скоро шест месечна пауза започнува новата фудбалска сезона. Која за нас ќе биде една голема борба на два фронта….

Публикувахте от Komiti Skopje в Четвъртък, 6 август 2020 г.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани