СДСМ најави – Новата Влада ќе го намали обемот на администрацијата за 20 отсто

Во превод значи ли ова дека „животот“ ќе дојде за 20 насто помалку административци во државата, т.е. дека околу 25 до 30.000 луѓе ќе останат без работа. Македонија во моментот има околу 130.000 граѓани кои работата во јавната и државната администрација. Според планот на Зоран Заев, вака 25 до 30.000  семејства би останале без приход. Дали кампањата „Можеме“ всушност значеше дека можат да отпуштаат илјадници граѓани од работа, оставајќи ги без егзистенција?

По мега-поскапувањето на струјата, на која и претходеше енормно покачување на цената на екстра лесното масло за домаќинство, СДСМ на Заев со уште една најава – доколку оформеле влада, ќе имало 20 насто помалку администрација.

Во превод значи ли ова дека „животот“ ќе замине и за 20 насто помалку административци во државата, т.е. дека околу 25 до 30.000 луѓе ќе останат без работа. Македонија во моментот има околу 130.000 граѓани кои работат во јавната и државната администрација. Според планот на Зоран Заев, вака 25 до 30.000  семејства би останале без приход.

Дали кампањата „Можеме“ всушност значеше дека можат да отпуштаат илјадници граѓани од работа, оставајќи ги без егзистенција?

Денеска, партијата на Заев обзнани како и со кого ќе преговарала за новото парламентарно мнозинство и влада, и какви услови ќе постави со новите партнери. Најави и дека ќе ја намалат администрацијата за 20%.

„СДСМ почнува сериозни преговори со претседателите на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, која ќе се движи брзо напред по европскиот пат и патот на економијата и на правдата.

Разговараме исклучиво за формирање Влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или национализми, Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика ‚Северна Македонија – Едно општество за сите’”.

Разговараме за Влада која ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе посветиме на делот за прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе го договориме“, соопштија денеска социјалдемократите.

Новата Влада предводена од СДСМ, велат натаму, ќе донесе и сериозна реформа на јавната администрација, промена која ќе донесе ефикасни, поголем број и побрзи услуги за граѓаните, но и намалување на обемот на администрацијата за 20 отсто, со помал број министри и рационализација на јавните служби“, порачаа од СДСМ.

Ова не е првпат партијата на Заев да најавува кастрење на администрацијата, дали новиот мандат ќе им даде ветер во едра да отпуштат илјадници граѓани од јавниот сектор?