Зоран Заев нервозата не можеше да ја сокрие ни за време на неколкуминутната прес-конференција

Нервозата не можеше да ја сокрие ни за време на неколкуминутната прес-конференција. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, немаше одговор на прашањата кои денес новинарите сакаа да му ги постават, па реши да се испокара со нив.

Имено, откако на речиси сите прашања го даваше истиот одговор, вртејќи во круг неколку реченизи за тоа дека Влада може да формира со кого сака, Заев се изнервира на прашањата кога новинарите му бараа конкретни одговори за тоа со кого и што преговара.

Кога новинар, кој веќе не доби одговор на поставеното прашање, побара конкретен одговор од Заев, екс-премиерот рече:

-Да дадеме на другите да постават едно прашање. Јас сум демократ човек, ама не може да го окупирате целиот простор. Извинете, не ви одговарам на прашањето додека другите колеги ваши не дадат барем по едно прашање, рече тој.