Sunday, February 5, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИАлександар Пандов - Сардисале Лешочкиот манастир (видео)

Александар Пандов – Сардисале Лешочкиот манастир (видео)

Лешочки манастир — православен манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовско. Манастирот е сместен во природен амбиент во близина на селото Лешок, на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век.

Во манастирските конаци има параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски т.н. Стар манастир. Манастирот за првпат е основан во 1321 година од страна на епископот полошки Антониј. Комплетното заживување кое е видливо и денес се должи на доаѓањето на Пејчиновиќ од Света Гора, во 1818 година, кога се обновени манастирските конаци и кога е основана манастирската библиотека. Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Манастирските конаци денес се реновирани, располагаат со сместувачки капацитети и особено се погодни за летен манастирски туризам.

Манастирот досега е два пати уриван. Првпат во 1690 година Турците го разурнале целиот комплекс сосе црквите. Вторпат манастирот го кренале во воздух албанските терористи за време на конфликтот во 2001 година.

Александар Пандов објави моќно видео од преубавиот Лешочки Манастир. Погледнете ја оваа Божја Македонска убавина:

Сардисале Лешочкиот манастир

Публикувахте от Александар Пандов в Събота, 1 август 2020 г.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани