СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Војската излезе на улица, експлозијата во Бејрут е национална катастрофа

Либанскиот претседател Мишел Аун ги упати сите вооружени сили да се справат со последиците од експлозијата во Бејрут и да спроведат патроли во погодените области и во предградијата за да обезбедат безбедност, соопшти државната Национална новинска агенција.

Силна експлозија денеска го потресе главниот град на Либан, Бејрут, при што се повредени голем број луѓе и е предизвикана материјална штета.

Најмалку десет лица загинале во експлозијата во Бејрут што, според најновите информации.

Локалните медиуми пренесуваат дека силниот бран на експлозијата се почувствувал и до 10 километри од епицентарот на експлозијата.

Гувернерот на Бејрут, Филип Булос, инцидентот го нарекол најголема национална катастрофа што се случила во Либан.

-Ова е национална катастрофа. Во животот не сум видел поголема катастрофа. Не знам како ќе се справиме со ова. Мора да останеме силни и храбри, рекол тој.

Постави одговор

Your email address will not be published.