ПРОБАЈТЕ ЈА ОВАА КОМБИНАЦИЈА НА СЛАТКО И ЛУТО – ТОПЛО ЧОКОЛАДО СО ЧИЛИ И РУМ

Љубителите на кафето секогаш се спремни за нешто ново, несекојдневно и необично. Замислете си чоколаден напиток со остар вкус на чили и арома на рум.Време е да ги изненадите и воодушевите вашите најблиски. За подготовка на овој неверојатен пијалак ќе ви бидат потребни само десетина минути.

Потребни состојки:

  • 100 грама чоколадо
  • 5 децилитри млеко
  • 2 ванила стапчиња
  • 2 лажици мед
  • 10 грама мелено чили
  • 2 грама сол
  • 5 децилитри рум

Загрејте го млекото, додајте ги стапчињата ванила и оставете ги да седат 10 минути.

Процедете го млекото, додајте го чоколадото скршено на парчиња и 1,25 децилитри вода и повторно загрејте ја смесата со мешање. Кога ќе се стопи чоколадото, додајте ги медот, солта, чилито и румот и добро измешајте.

Пијалакот послужете го врел.

Постави одговор

Your email address will not be published.