Sunday, December 10, 2023
домаВЕСТИМицкоски за авионот со корона - Kако дојдоа тие лица од...

Мицкоски за авионот со корона – Kако дојдоа тие лица од Косово тука во Македонија, како поминаа граница?

Тажна е ситуацијата, се сеќавате не смируваа дека се е под контрола, да не се грижат граѓаните. И денеска слушнавме од министерството дека всушност патниците, мнозинството патниците во тој авион биле лица со косовски пасош. Не биле македонски. И тоа било олеснителна околност. Македонските биле само два, а повеќе од 70-тина биле лица кои што со косовски пасош. Па како дојдоа тие лица од Косово тука во Македонија? Како поминаа граница? Како поминаа на аеродром, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Го поставил некој тоа прашање? Дали ова е тоа дека ние не треба да се грижиме и секираме, дали ова е тоа дека работата е под контрола. Две контроли кои што треба да ги спроведе државата една на граничниот премин преку кој што овие лица влегле во Македонија и една на самиот аеродром покажале резултати различни од оние кои што ги покажале аеродромските власти во Финска. Како влегле тие? Директно влегле во авион? Тоа е прашањето и затоа денеска сме рекордери. Затоа македонските граѓани денеска се во кафез, заклучно со септември, и не можат да патуваат во ЕУ. И ова се тие политики. И нема да ме чуди ако овој кафез продолжи до крајот на 2020-тата година. Ова се тие политики кои што мора да ги победиме, подвлече Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

последно додадени

последно коментирани