Мицкоски: На 150 заболени на дневна основа владата распишаа избори, по тоа ќе видите колку се политички незрели

Во вечерашната дебатна емисија “Што не е јасно?” на Алфа телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се осврна на моменталната политичка ситуација, одржаните предвремени парламентарни избори, како и за очекувањата по изборите и можните коалицирања и обезбедувањето парламентарно мнозинство.

Мицкоски потенцираше дека владата предводена од СДСМ и Зоран Заев е повеќе од несериозна кога станува збор за грижата за здравјето на граѓаните. Тој потсети дека кога во државата имаше по петнаесетина заболени на дневна основа, владата од петни жили се бореше да изгласа вонредна состојба, за потоа кога за жал бројката достигна 150 на дневна основа, тие да распишат избори, истакна Мицкоски.

“Не е ниту човечки, не е ниту политички зрело да манипулирате со народот кога во прашање е нивното здравје, односно здравјето на сите нас. Владата маневрираше со бројки низ целата здравствена криза, криеше податоци, договараше прес конференции за условно речено да се исперат пред граѓаните, но сето тоа резултираше со ваква катастрофална здравствена состојба, која за жал резултира со жртви”, вели Мицкоски.

Владата предводена од СДСМ во повеќе наврати манипулираше со разни јавни изјави во текот на пандемијата и секоја изјава беше прилагодена на моменталните потреби на владата за задскривање на лошите политики. Тоа покажува какви незрели, несериозни и некомпетентни луѓе ја водат Република Македонија. Мора да дојде крајот на овој тип на политичари, кои газат преку живи луѓе за исполнување на партиската агенда, со цел задоволување на лични потреби, подвлече Мицкоски.