Sunday, January 29, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИВладата некадарна да се справи со коронавирусот, здравството на колена - 10.617...

Владата некадарна да се справи со коронавирусот, здравството на колена – 10.617 заразени и 480 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-15, Штип-17, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-3, Велес-3, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Кочани-1, Демир Хисар-5, Берово-1, Свети Николе-1, Кичево-8, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-10, Штип-12, Тетово-26, Струга-1, Велес-1, Битола-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-1, Св.Николе-2, Кичево-3, Ресен-4.

Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (65, 66 и 73 години) и пациент од Гостивар (72г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10617,  бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.

Од вчерашните 5 теста се контрoлни и се евидентираат денес. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 4779, активни 1814
  • Куманово 1038, активни 296
  • Дебар 193, активни 123
  • Штип 809, активни 441
  • Прилеп 330, активни 57
  • Тетово 1027, активни 228
  • Струга 440, активни 190
  • Велес 216, активни 18
  • Битола 135, активни 70
  • Охрид 272, активни 87
  • Кавадарци 55, активни 38
  • Гостивар 424, активни 258
  • Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
  • Струмица 35, активни 23
  • Крива Паланка 24, активни 10
  • Радовиш 29, активни 23
  • Крушево 15, активни 9
  • Кочани 98, активни 25
  • Пробиштип 50, активни 26
  • Демир Хисар 31, активни 27
  • Македонски Брод 19, активни 15
  • Пехчево 6, активни 0
  • Берово 5, активни 2
  • Валандово 6, активни 0
  • Виница 8, активни 4
  • Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 13, активни 7
  • Свети Николе 221, активни 179
  • Кичево 142, активни 94
  • Ресен 145, активни 33
  • Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1325 теста се преку: ИЈЗ-333, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-152, Биотек-218, МАНУ -85, Жан Митрев (Филип Втори)-234, Систина со PCR метода -163, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-75, Инфективна клиника-15, ГАК-19. Досега во земјата се направени вкупно 100940 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 81 пациент. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 2 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 256
  • Аеродром – 191
  • Бутел – 127
  • Гази Баба – 177
  • Центар – 152
  • Карпош – 164
  • Сарај – 103
  • Кисела Вода – 175
  • Ѓорче Петров – 122
  • Студеничани – 82
  • Шуто Оризари – 130
  • Арачиново – 36
  • Илинден – 26
  • Петровец – 19
  • Чучер Сандево – 12
  • Сопиште – 24
  • Зелениково- 7
  • Странец – 7
  • Нераспределен- 4

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани