Освен ајварот, Дуа Липа ги присвои питата, бурекот и сармата како албански традиционални јадења (ВИДЕО)

Дуа Липа, која деновиве е главна тема на домашните и регионалните медиуми, заради пропагандата на идејата за „Голема Албанија“ и изјавата дека ајварот е национално албанско јадење, беше гостинка на подкастот „Table Manners“ во април, чиј домаќин беше британската пејачка Џеси Вер и нејзината мајка Хелен.

Липа тогаш го промовираше својот втор студиски албум „Future Nostalgia“, а темата на шоуто беше храна, па пејачката зборуваше за храната што ја подготвувала и јадела како дете.

Џеси Вер ја праша Липа, која го поминала најголемиот дел од животот во Лондон, кои јадења од детството најмногу и недостасуваат, а кои се дел од традицијата на нејзината земја.

-Мајка ми секогаш готви традиционални јадења, како пита. Тоа е јадење со спанаќ, сирење и кори. Многу е вкусно и секогаш ми недостасува кога сум на турнеја. Јас исто така ја сакам сармата, рече Дуа, а Хелен додаде: „Значи, тоа е слично на грчката кујна“, а пејачката продолжи: „Има многу сличности кога станува збор за балканската кујна. Јас исто така го сакам бурекот“.

Се чини дека покрај ајвар, Дуа Липа ги смета и питата, бурекот и сармат како албански национални јадења.