ЗОШТО ЖЕНИТЕ ГИ ПРИВЛЕКУВААТ ЌЕЛАВИ МАЖИ?

Судејќи според резултатите од низа истражувања, на жените им се и тоа како привлечни и неодоливи мажите без коса. Ќелавоста делува на жените како афродизијак, покажуваат резултатите. Воедно, дамите кои учествувале во анкетата, одговориле на прашањето колку им е всушност привлечен или одбивен недостатокот на коса кај мажите. Резултатите биле изненадувачки, со оглед на тоа што повеќето жени ја опишале ќелавоста како многу посакувана машка карактеристика.

Еве ги најинтересните одговори на жените, кои веруваат дека ќелавите мажи се единствените мажи кои вредат:

  • Ќелавите мажи се вистински мажи. Така барем знам дека не излегувам со дете.
  • Нивото на хигиената кај ќелавите мажи е многу високо. Тие се стално средени, редовно се бричат и имаат поголемо разбирање за женските навики за депилација.
  • Тој никогаш не го краде мојот шампон.
  • Ќелавите мажи се многу секси, а најдобри примери за тоа се Џејсон Статам, Брус Вилис, Вин Дизел, Двејн Џонсон.
  • Капите и шеширите се најдобри пријатели на ќелавите мажи, што нам ни дава поширок избор за одбирање супер подароци.
  • Мажите кои ја имаат прифатено својата ќелавост и ја претвориле во секси оружје, се сигурни во себе. Има ли нешто попредизвикувачко од маж со голема самодоверба?