Wednesday, February 8, 2023
рекламно место 1spot_img
домаЖИВОТВкусовиЧОКОЛАДНИ БИСКВИТИ СО КАФЕ, НИТ ДЕЦАТА НЕ МОЖАТ ДА ИМ ОДОЛЕАТ

ЧОКОЛАДНИ БИСКВИТИ СО КАФЕ, НИТ ДЕЦАТА НЕ МОЖАТ ДА ИМ ОДОЛЕАТ

Сите кои сме љубители на утринското кафе сакаме да грицнеме нешто пиејќи го наутро. Попладневниот чај или вечерното какаоби биле идеални со домашен бисквит, колаче или мафин, изборот е ваш.

Овој рецепт е за сите оние кои обожуваат чоколадо – брзи, лесни, вкусни и  крцкави чоколадни бисквити со кафе кои дефинитивно ќе ве освојат.

Потребни состојки (за 20 бисквити):

  • 1 1/2 шолја (за кафе) сенаменско бело брашно
  • 1/2 шолја какао
  • 1 печиво
  • 3 супени лажици путер, омекнат
  • 1 шолја шеќер
  • 2 големи јајца
  • 1/2 шолја corn flakes со чоколадо
  • 2 супени лажица горко филтер кафе

Рерната загрејте ја на 220 степени. Во длабок сад, заедно измешајте ги брашното, какаото и печивото. Во друг сад измешајте ги путерот и шеќерот со виљушка, додека не се стопи шеќерот. Потоа, мешајќи го путерот, додавајте ги јајцата, едно по едно и мешајте сѐ додека не се соединат.

 Потоа, сувите состојки (брашно, какао, печиво) додавајте ги полека во садот со течните состојки. Мешајте додека целата смеса не се соедини. На крајот, додадете ги кафето и чоколадираните corn flakes.

Целата смеса измешајте ја со раце, поделете ја на два дела и формирајте ролати. Ролатите ставете ги во калап со хартија за печење. Печете 30 минути. Откако ќе се испече бисквитот, почекајте десетина минути да се излади и потоа од него сечете помали бисквити, со должина по ваша желба. Калапите ставете ги уште 10 минути да се печат и потоа извадете ги.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани