Friday, September 29, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИБрендот часовници „Гармин“ жртва на хакерски напад - 10 милиони долари за...

Брендот часовници „Гармин“ жртва на хакерски напад – 10 милиони долари за негово ослободување!

Брендот за часовници „Гармин“ кој го користат професионални спортисти и рекративци бил жрвта на хакерски напад. Како што пренесува британски „BBC“, напаѓачите успеале да го пробијат заштитниот систем и да влезат во базата со лични податоци.

Нападот се случил во четвртокот претпладне, а комплетна контрола врз базата хакерите имале во саботата. Од компанијата се огласија околу хакерскиот напад, но одбија да одговорат за шпекулациите дали платиле 10 милиони долари за ослободување на базата.

Многу од нашите онлајн услуги беа прекинати. Исто така веб страницата не фунцкионираше поради проблеми во мрежата и базата. Им се извинуваме на клиентите. Веруваме дека за брзо ќе се стабилизира ситуацијата и повторно ќе можеме сите заедно да уживаме во спортувањето и рекреирањето со Гармин уреди. – стои во извештајот од компанијата.

„Гармин“ часовниците се користат за следење на тренингот или натпреварот на спортистите и рекреативците, а некои од уредите се користат во најмодерните авиони.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани