АБОРТУСОТ НЕ ГО ЕЛИМИНИРА ДАУНОВИОТ СИНДРОВ, ТУКУ ГИ УБИВА ТИЕ ШТО ГО ИМААТ, ВЕЛИ АКТЕРКАТА ПАТРИША ХИТОН

Актерката Патриша Хитон позната по нејзините улоги во сериите “Средината” (The Middle) и “Секој го сака Рејмонд” (Everybody Loves Raymond) е страствено ориентирана кон животот и сите форми на живот. Неодамна таа напиша колумна за Американски Магазин ( American Magazine) за абортусот и за тоа како се таргетираат неродени бебиња со Даунов синдром.

Лекарите туркаат генетски тестирања на бремени жени за да проверат дали нивните бебиња имаат Даунов синдром. Ако тестот покаже дека најверојатно бебето има Даунов синдром, лекарите сугерираат абортус. Иако ваквите тестови се само претпоставка и не се комплетно сигурни и точни.

Патриша Хитон ја напиша колумната како одговор на твит на CBS NEWS со кој се фали Исланд дека “речиси го елиминирале Дауновиот синдром”, само што не ја елиминирале абнормалноста, туку го елиминираат секое неродено бебе кое што можеби го има синдромот.

“Бев целосно обземена кога го прочитав твитот на CBS NEWS кој што велеше: Исланд е на пат виртуелно да го елиминира Дауновиот синдром преку абортус”,

-изјави Хитон по што продолжи:

“Но како што напишав на твитер на 14-ти Август, земјата всушност не го елиминира Дауновиот синдром. Тие само ги убиваат оние кои што го имаат”.

Дауновиот синдром е генетско пореметување во однос на хромозомот бр 21, исто така познат како трисомија 21. Иако е генетско пореметување, тоа не го дефинира лицето кое што го има синдромот. Тие не се пореметувањето.

Хитон потоа додава:

“Додека земји како Исланд се фалат со нивниот државно-финансиран здравствен систем, борбата да се задржат цените на здравствените услуги помали создава околина во која што луѓето кои ќе одлучад да родат дете со Даунов синдром, може да се сметаат за себични, затоа што користат драгоцени јавни ресурси. Неодамна Холандското Министерство за здравство објави листа на 10 најскапи болести, со тоа што на врвот на таа листа го постави Дауновиот синдром.”

Во свет во кој што очекуваме на дневна основа, животна средина прилагодена на нашите потреби и желби, мора да се потсетуваме себеси дека вредноста на нашиот и вредноста на животот на другите не е базиран на материјално богатство или постигнувања, туку на внатрешната вредност како човечки суштества создадени од Бога и според неговиот лик”

-дополни таа.