Wednesday, February 8, 2023
рекламно место 1spot_img
домаЖИВОТАЗИСКИТЕ ДЕЦА СЕ НАЈЗДРАВИТЕ ВО СВЕТОТ, ПРОЧИТАЈТЕ ЗОШТО Е ТОА ТАКА!

АЗИСКИТЕ ДЕЦА СЕ НАЈЗДРАВИТЕ ВО СВЕТОТ, ПРОЧИТАЈТЕ ЗОШТО Е ТОА ТАКА!

Постојат неколку истражувања кои тврдат како јапонските деца имаат добро здравје и ретко се разболуваат. Ова е можеби поради здравиот начин на живот кој ако го следат сите деца ширум светот би било добро за нив дури и кога стареат. Постојат многу азиски земји каде што децата се израснати во поздрави средини и со подобри навики кои промовираат добро здравје. Можеби е време и ние, исто така, да се придружуваме на нивните здрави навики. Погледнете што точно ги прават децата од азиските земји, особено Јапонија, кои се многу поздрави од повеќето деца на запад.

1. Ги спречуваат децата да читаат преблиску

Во многу кинески училишта се инсталирани шипки, чија цел е да го зачуваат здравјето на децата. Читањето од премногу блиску може да ги оштети детските очи, па шипките им ја држат главата на децата на правилно растојание. Покрај тоа, ова помага и во подобрувањето на држењето на телото.

2. Редовно прават вежби за очи

Во Кина, учениците од основните и средните училишта добиваат инструкции за вежби за очи, чија цел е да ја подобрат циркулацијата на крвта и да ги релаксираат очните мускули. Постојат  разни вежби кои вклучуваат триење на разни делови околу очите, а најчесто се изведуваат два пати дневно.

3. Тестовите во училиштата ги прават надвор во природа

Во Кина најзастапено е тестирањето на отворено. Целта зад ова е да се спречи мамењето на тестови бидејќи децата можат да бидат сместени на поголема далечина. Но од ова има и здравствени придобивки. Не само што децата се на свеж воздух и светлина, туку им се намалува и нивото на стрес.

4. Носат заштитни маски

Луѓето најчесто се разболуваат во зима бидејќи студот ги држи внатре, па тие се повеќе изложени на бактерии и вируси од други луѓе. Во Јапонија, многу често луѓето кои не се чувствуваат добро или оние кои имаат алергии носат заштитни маски, со цел да го намалат ширењето на нивните бактерии.

5. Часови со пренос во живо кога одењето на училиште е спречено

Кога временските услови го прават одењето на училиште опасно, некои кинески наставници се креативни и едноставно го пренесуваат часот во живо преку Интернет. Децата можат да ја следат наставата од нивниот дом, што може да биде особено корисно кога училиштата се затворени поради лошото време. Исто така, ова им помага и на децата кои живеат подалеку и на кои понекогаш им е отежнат пристапот до училиштето.

6. Јадат помали порции наместо цели оброци

Јапонската училишна програма за исхрана била развиена за да им помогне на гладните деца , но со текот на времето таа навика не се променила многу. Овие оброци обично немаат главно јадење на коешто сме навикнати ние. Оброците се поделени на помали делови и најчесто вклучуваат ориз, зеленчук, супа и месо или риба.

7. Поминуваат долго време на отворено

Активноста на отворено се гледа како навистина важна , па планинарењето и кампувањето стануваат навистина популарни. Дури и луѓето кои се навикнати на урбан живот, често прават пауза со кампување. Овие програми помагаат во релаксирањето и ја подигаат свеста за менталното здравје.

8. Секогаш пешачат и ретко користат транспорт

Во многу азиски држави луѓето сакаат да пешачат, наместо да користат возила или јавен превоз. Во многу азиски држави се очекува децата да одат пеш до училиште, наместо со автобус, особено доколку живеат во градот.

9. Се внимава на зависноста од Интернет

Денес сè почесто можете да видите деца кои се „залепени“ за нивните електронски направи. Во Јужна Кореја ова се случува ретко, бидејќи се преземаат мерки против зависноста од Интернет. Постојат разни кампови и центри за рехабилитација кои им помагаат на младите луѓе кои се соочуваат со зависност од Интернет.

10. Децата имаат повеќе одговорности и задачи

Во Јапонија од децата се очекува да прават многу работи, што кај нас не би ги ни помислиле. Децата сами одат на училиште, помагаат во домашните обврски, па дури и помагаат во чистењето на училниците. Ова ги учи децата да бидат независни и одговорни, што пак им помага да водат подобра грижа за себе.

11. Оброкот и ужинките се што е можно поздрави

Многу азиски држави наоѓаат разни начини да ги направат оброците здрави. Во Јапонија, зеленчукот е главниот оброк, додека месото не е толку важно. Супата е исто така присутна во исхраната, а Кинезите често користат здрави намирници како гоџи бобинки и ѓумбир.

Во многу азиски држави, вклучувајќи ги Кина и Јапонија, сосема нормално е децата да пијат чај. Не само што чајот е поздрава верзија од засладените пијалаци, туку има и здравствени придобивки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани