Пожари во Сиетл – насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите

Судири меѓу демонстрантите и полицијата избувнаа за време на протестите во Сиетл, во американската сојузна држава Вашингтон. Според официјалните податоци, уапсени се 25 лица, а тројца полицајци се повредени.

Демонстрантите оштетија неколку згради и предизвикаа пожар на градилиштето на центарот за притвор за малолетни лица, па полицијата прогласи вонредна состојба поради „ризикот по јавната безбедност“.

Потоа полицијата почнала да ги растерува демонстрантите кои пак, почнале да ја напаѓаат со шишиња, камења и други предмети.

Локалната полиција исто така објави дека демонстрантите користеле „некаков вид експлозив“, без да прецизираат за кој тип станува збор.

Снимките од немирите, објавени на социјалните мрежи покажуваат скршени прозорци во деловните објекти. Полицијта била приморана да употреби солзавец.