Вонредна прогноза: Попладне и вечерва не излегувајте од дома, невремето доаѓа во Македонија!

УХМР за попладнево и за вечерните и ноќни часови најавува развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

За потсетување вчера целиот регион во соседството и пошироко беа зафатени од силно невреме проследено со поплави, особено во БиХ и Хрватска.

Инаку според УХМР од понеделник не очекуваат температури и над 40 степени.