Friday, September 22, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИСончево и топло до 37 степени, попладне дожд и грмежи

Сончево и топло до 37 степени, попладне дожд и грмежи

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 23, а дневната од 30 до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе спушти до 19, а дневната ќе достигне 36 степени.

За време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од понеделник следува период на сончево време со пораст на температурите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани