Sunday, January 29, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИВо Грција врие, армијата е во состојба на полна готовност, воената морнарица...

Во Грција врие, армијата е во состојба на полна готовност, воената морнарица се упати кон турскиот брег

Сите оружени сили на територијата на Грција од синоќа се во состојба на полна готовност, единиците се итно пополнети, а флотата на воената морнарица е распоредена во Егејското Море кај клучни делови на грчката поморска територија, каде Турција го најави истражувањето за наоѓалишта на природен гас и нафта.

Воената морнарица на Грција издаде итно известивање (Навтекс) со кое ја поништи идентичната турска најава за испраќање на истражувачкиот брод Орук реис во грчката зона на експлоатација на морето, објавија грчките медиуми.

Сличен потег направи и кипар, за деловите од Средоземјето кои му припаѓаат, а каде Турција исто така најави сеизмичко истражување на морското дно.

„Навтексите“ на грчката воена морнарица ги повикуваат екипажите на сите бродови да го „игнорираат нелегалното турско известување“ бидејќи „го објавила неовластена (турска) станица и се однесува на нелегални активности во грчкиот регион“.

Грција укажа дека само нејзината поморска база која ја користат и САД и НАТО, во Ираклион, на Крит, има овластување да објавува „Навтекс“ за областите на кои претендира Турција.

Турција возврати реципрочно: дека новите грчки и кипарски „Навтекси“ ги објавиле станици кои се „неовластени за одредениот регион“ каде Турција сака да трага по гас и нафта.

Грчките медиуми јавуваат дека турскиот истражувачки брод Орук реис и понатаму е вкотвен во турското средоземно пристаниште Анталија, веројатно поради силниот ветер, додека е регистрирана интензивна активност на турски воени бродови кај поморската база Аксаз, на југот на Егејот, во близина на градот Мармарис.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани