Wednesday, February 8, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИФилипче си најде оправдание за високиот број на заразени со КОВИД-19...

Филипче си најде оправдание за високиот број на заразени со КОВИД-19 во државата

Министерот за здравство си најде оправдание за новиот наплив на заразени со КОВИД-19 во државата. Веќе по навика, вина нема во неговиот ресор и работа или во Комисијата за заразни болести, сега вината била во штипскиот кластер и како и секогаш, кај граѓаните.

Високиот број на новозаразени од саботата (241) исто како и некои претходни варијации т.е. отскокнувања од вообичаениот број, се должел на мал кластер во една од конфекциите во Штип, рече министерот за здравство Венко Филипче.

„Една од неколкуте конфекции во кои имаше поголем број заразени е веќе затворена, таму каде што се најдени спорадични случаи вчера во координација со градоначалникот ќе зборуваме со сопствениците, за да видиме дали според епидемиолошките анкети има потреба и тие да се затворат за да се намали ризикот од пренос на вирусот“, рече Филипче во гостување на ТВ Канал 5.

Појасни дека високиот број не бил тренд, туку варијација затоа што, како што рече, јасно е идентификуван бројот на новодијагнстицирани пациенти и јасно било утврдено со епидемиолошките прашалници кои во голем процент се завршени, од каде потекнува изворот и трансмисијата на вирусот.

Во таа смисла, рече министерот, вкупната бројка кога тоа ќе се изземе, е она што е тренд сите овие изминати денови односно целиот изминат период.

Повторно, главни виновници за Филипче се граѓаните и нивнито непочитување на мерките и главно, неносењето маски. Кај човекот кој минатиот период наголемо тераше кампања за неговата СДСМ, нема ниту збор за лична одговорност или одговорност на институциите со кои тој раководи. Повторно, виновни се граѓаните…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани