Thursday, June 1, 2023
рекламно место 1spot_img
домаЖИВОТВнимателно погледнете ја вашата уста! Нов симптом на коронавирусот

Внимателно погледнете ја вашата уста! Нов симптом на коронавирусот

Студијата објавена во медицинскиот журнал AMАМА Дерматологија открила дека меѓу 21 пациент во Шпанија за кои е потврдено дека имаат ковид-19 и осип на кожата, шест или 29 проценти имале енатема, мукозни мембрани и лезии во усната шуплина.

Истражувачите од „Hospital Universitario Ramon y Cajal“ од Мадрид, покажаа дека просечното време помеѓу појавата на симптомите ковид-19 и развојот на енатемата е околу 12 дена, пишува „Си-ен-ен“. Откриено е дека едниот пациент развил емантема 24 дена по почетокот на симптомите, двајца пациенти развиле енантема 19 дена подоцна, еден развил енантема 12 дена подоцна, еден развил енантема два дена подоцна и друг развил енантема два дена пред тоа.

Овој труд ги опишува прелиминарните набудувања и е ограничен со малиот број на случаи и отсуство на контролна група“, напишаа истражувачите, додавајќи дека нивните наоди продолжуваат да укажуваат на тоа дека енатемата е можен симптом на ковид-19, а не на реакција на лекови.

И покрај зголемените извештаи за осип на кожата кај пациенти со ковид-19, да се направи етиолошка дијагноза е главен предизвик. Сепак, присуството на ентантеми е силен поим за вирусна етиологија, а не одговор на лекот, велат истражувачите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани