Факти низ бројки: Неизлезноста на македонското гласачко тело е причина за огромниот број албански пратеници

Бројките на излезноста на последните предвремени парламентарни избори покажаа дека резултатите дефинитивно се должат на неизлезноста на македонското гласачко тело.

За ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на минатите избори во 2016-та гласале околу 940 илјади илјади, а во 2020 двете партиии добија околу 700 илјади глсови. Во превод излегле околу 240.000 гласачи помалку во македонскиот блок.

Во албанскиот блок, пак, во 2016-та гласале 210.000 за албанските партии, а во 2020 за албанските партии гласале околу 200.000 гласачи. Фрапантно ии не, но и со 10.000 помалку излезени гласачи во албанскиот блок, тие добија 12 пратенички места плус.

Сето ова се должи на фактот што во македонскиот блок, излегоа 200.000 помалку гласачи, односно онолку колку вкупно гласаа за албанскиот блок. Дваесет пати повеќе Македонци не излегле од Албанците, но ако се стават на маса и гласовите за СДСМ-БЕСА, излегува дека Албанците излегле во ист број како и 2016-та, можеби и повеќе.

Ингересно е и што очебијно, ако се водиме според излезноста вбо албанскиот блок во 2016-та, тогаш СДСМ од БЕСА „ќарила“ само 10.000 гласа (210.000-200.000=10.000), кои во бројки на пратеници ги чинат 4 пратенички места. Во превод, еден пратеник ан БЕСА „тежи“ 2.500 гласа.

Последните, се уште неофицијални податоци на ДИК покажаа дека албанските партии на овие избори, споредбено со претходните избори во 2016-та добија 12 пратеника повеќе. Во минатиот состав, албанскиот блок имаше 20 пратеници, а со сегашните резултати имаат 32 пратеника. ДУИ има 15, Алијанса 12, ДПА 1 пратеник и 4-ца пратеници кои се од БЕСА, а се во предизборна коалиција со СДСМ. Тука се и Албанците на листата на СДСМ од нивните редови (најмалку двајца), но кои официјално се од оваа партија.

На што се должи овој прогрес од околу 60 проценти повеќе споредбено со претходните избори од пред 3,5 години?

Курир и пред горенаведените бројки на ДИК анализираше дека зголемениот број се должи најмногу на малата излезност на македонското население, наспрема излезноста на албанското, макар што и дијаспората т.е. иселените лица кај нив кои се константа на претходните, не дојде да гласа на овие избори. Друг факт е дека Албанците не се загрижија за и околу короната, која очигледно многу ги загрижи многу Македонците, кои и онака предничеа во почитувањето на мерките (пример е корона прогресијата и мерките на Велигден VS Рамазан) , на страна нивното разочарување од промената на името, двојазичноста, договорот со Бугарија, атакот врз историјата и останатите дејанија кои придонесоа за силна апатија кај ова гласачко тело.

Во превод, за новата парламентарна констелација делумно „виновни“ се Македонците кои седеа дома, бојкотирачите и оние над 31.000 гласачи (и тие најголем дел Македонци) кои ги чкртаа ливчињата, правејќи ги неважечки.

Можеби на прво место, сепак, виновна е короната и оправданиот страв од неа.