Молотов коктел фрлен во прилепско

Вчера во 01.30 часот било пријавено дека во село Дебреште, прилепско, во двор од куќа сопственост на С.М.(53), од страна на непознат сторител било фрлено стаклено шише со запалива течност, при што било оштетено предното ветробранско стакло од патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, паркирано во дворот, а опожарени биле и огревни дрва во непосредна близина.

„Пламенот го забележале С.М. и неговиот брат, кои го изгаснале огнот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.