Масовен изборен поткуп во Велес: Приматели на социјална помош добиваат уште по 2.000 денари на домашна адреса

Класичен изборен поткуп се случувал утринава во Велес и околината. Читатели на „Република“ јавија дека на приматели на социјална помош денеска по пошта им биле доставени дополнителни 2.000 денари помош. Парите им стигнале на домашна адреса и тоа во време кога е во тек изборниот процес.

Како што дознава порталот, направен е претрес и оти е најдена листата на лица на кои требало да им се доставуваат парите. Изборниот поткуп денеска е главна тема на социјалните мрежи. Неколкумина дури и потврдуваат дека добиле пари.

Станува збор за околу 500 семејства кои земаат социјална помош, нега за трето лице и помош за трето дете.

Од СВР Велес велат дека кај нив никој не пријавил такво нешто.

-Немаме таква информација. За време на избори се појавуваат многу информации кои треба да се проверат, велат оттаму, пренесе Република.