Tuesday, June 6, 2023
рекламно место 1spot_img
домаЖИВОТПациентите откако ќе се излечат од коронавирус се соочуваат со ОВИЕ тешки...

Пациентите откако ќе се излечат од коронавирус се соочуваат со ОВИЕ тешки последици

Пациентите кои заздравиле од Ковид- 19, со недели, па и месеци, потоа продолжуваат да имаат последици во форма на хроничен замор, отежнато дишење, болка во мускулите, некои сакаат да спијат по цел ден, а за некои е голем напор да се качат само еден кат, пишува он-лајн списанието „Јуроп тудеј“.

Истражувањето го спроведоа лекарите од клиниката „Џемели“ во Рим, Анџело Карфи и Роберто Бернабеи, кои прегледаа 150 пациенти заразени со коронавирус.

Од анкетираните, 87 отсто потврдиле дека имаат барем еден од пост-ковид симптомите, претежно преголем замор, проблеми со дишењето, некои имале психолошки проблеми, а голем број на пациенти по закрепнувањето покажале знаци на посттрауматско нарушување.

Речиси сите испитаници имале проблеми со апетитот и намалување на телесната маса.

-Кoвид-19 е нова болест и ние засега ги знаеме симптомите, но малку се знае за последиците, и затоа ова истражување, прво од ваков вид, е многу важно, изјави Анџело Карфи.

Позитивно е, посочуваат авторите на истражувањето, дека не се потврдени стравувањата на лекарите дека болеста ќе остави трајни последици врз белите дробови, црниот дроб, очите и срцето.

Лекарите препорачуваат пациентите кои биле лекувани во одделите за интензивна нега и биле подложени на оксидизација, редовно да одат на контроли на повеќе внатрешни органи и мора да поминат низ долг период на физичко и психичко закрепнување. (МИА)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани