Осамна сонцето од Кутлеш на игралиштето во населба Хром (ФОТО)

Граѓаните на населба Хром во знак на револт поради отстранувањето на македонските симболи од знамињата на институциите и плоштадите од страна на СДСМ, го нацртаа сонцето од Кутлеш на маалското игралиште. Велат дека македонските симболи се гордост на секој граѓанин и тие не смеат да бидат сквернавени од страна на ненародната власт.

Жителите на општина Ѓорче Петров се препознатливи по патриотизмот и овој пат тоа го докажаа со овој убав чин. Идејата за Македонија продолжува да живее.